На само 100 метри од детско игралиште во општината Аеродром се шири неподнослива миризба, а контејнерите буквално се прелеваат од ѓубре.
Ѓубрето претставува вистинска опасност за најмладите и воопшто за сите жители во ова населено место во Аеродром.
Време е градоначалничката Данела Арсовска да преземе одговорност, а директорката на Јавното комунално претпријатие Косана Мазнева, да го „измазни“ овој смет во следните неколку часа, бидејќи Скопје ќе биде единствената метропола каде што од неспособноста на надлежните ќе избие зараза која ќе се прошири во епидемија.