Дождливото и малку ветровито време помогна Скопје на листата на најзагадени градови во светот од петто да падна за некое место но не и да се тргне од листата на 20 најзагадени градови според квалитетот на воздухот, објавува Канал 5.
Загадениот воздух во скопската котлина е од само неколку заладени денови кога се уште греењето на домаќинствата беше минимално. Екологистите се сериозно загрижени особено по најавите дека двете најголеми топланите Исток и Запад, Есм планира да ги грее со дизел гориво наместо со гас во тест перод од по 10 дена..
Став побаравме и од ЕСМ за тоа дали имаат еколошка дозвола и филтри за да можат да користат дизел во топланите, колку дизел ќе се троши дневно кога ќе паднат температурите ,дали се очекува по тест перидот Скопје да се загрева со дизел и зошто делови од градот се уште немаат греење – но одговор не добивме.
Користењето дизел, без разлика дали како гориво за возила или за загревање, во воздухот го зголемува степенот на отровни ПМ-честички, но и на азотните оксиди кои се многу штетни за дишните патишта. Повеќе од 68.000 луѓе прерано умираат како резултат на загаден воздух во Европа, велат податоците на Европската агенција за заштита на животната средина.
Во Македонија, според истражување на Светска Банка, над 1.600 смртни случаи годишно можат да се припишат на екстремното загадување на воздухот.