понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скопје „гори“, криминалното подземје не запира со пресметките

Скопје „гори“, криминалното подземје не запира со пресметките
илустрација

За неполни 12 часа регистрирани се два случаи во кои се запалени автомобили во Скопје. Зад навидум обичните инциденти стојат се погласните шпекулации дека криминалното подземје не запира со меѓусебните пресметки во главниот град.

Не се избираат ниту локациите, па сега буквално било каде може да се очекува некаков инцидент. И урбаните Капиштец и Влае се најдоа на листата места за пресметки.

Првиот случај е забележан вчера попладне во Влае кога на паркинг се запали автомобил од засега непозната марка. Не се знае причината за избувнувањето на пожарот, кој имало опасност да се прошири на околните куќи.

Вториот случај е пријавен синоќа во 2 часот по полноќ исто така на паркинг просторот кај трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. За овој случај полицијата само кусо денеска информираше дека се работи за возило „БМВ“ кое е во сопственост на скопска фирма.

Граѓаните стравуваат, коментираат дека само црнила се случуваат, а надлежните како одамна да ги почнаа новогодишните празнувања.

Коментирајќи ги ваквите случаи, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во телефонска изјава за Курир вели дека како партија досега многупати укажувале на ваквите инциденти.

-Од почетокот на годинава досега околу 100 возила се запалени во Скопје и поголемите градови во Македонија. Од МВР речиси и да нема расветлување на овие случаи. Имаме две претпоставки за ваквото однесување на Министерството, првата дека власта е во брак со криминалот и подземјето во земјава или дека Оливер Спасовски и неговите структури немаат капацитет да ги расчистат случаите. Се палат возила на бизнисмени, политичари, страдаат недолжни луѓе, вели Ѓорѓиевски за Курир.

Во изминатиот период покрај ваквите случаи, многу почеста појава се вооружените пресметки меѓу криминални групи. Анализата за овие случаи може да ја прочитате ТУКА.

Најнови вести