недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Договорот со „Бехтел и Енка“ е прв капитален проект кој е без проект и не обезбедено финансирање

Славески: Договорот со „Бехтел и Енка“ е прв капитален проект кој е без проект и не обезбедено финансирање

„СДС уште од 2015-та година промовираше модел на раст кој банкротираше пред нашите очи, тоа беше раст наводен со зголемување на личната потрошувачка, но не гледаме дека се постигнаа стапки на раст од околу 2 проценти а се предизвика инфлација не само заради енергетската криза, кризата со храната на светски берзи кои се стабилизирани оддамна а кај нас инфлацијата е сеуште присутна“, кажа членот на ИК На ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека длабоки се проблемите од таков модел на очекуван раст .

Славески истакна дека јавниот долг нема да се намалува, тој и понатаму ќе расте се додека кретидорите што ни даваат средства на зеаем дека не сме влезени во ризичната зона.

Запрашан за договорот за „Бехтел и Енка“, Славески изјави дека македонската јавност разбра дека се работи за еден пристап кој досега е невиден, не го одобрува и бара поголема транспарентост.

„Беше кажано се што требаше да се каже со штетниот договор за „Бехтел и Енка“ нема никаква транспарентот каде и пратениците не го добија договорот што беше ветен дека ќе го добијат. Антикорупциска и таа замолкна кога кажаа дека не го добија целосниот дел од договорот“, вели Славески.

Тој заклучи дека ова е прв ваков капитален проект во кој се тргнува не само без проекти, туку не е обезбедено ни финансирање.

Најнови вести