Кога имаме расфрлање со пари на сите страни, најмалку треба да штедиме на пензионерите. Од владата нема јасен предлог за пензиите, тие велат прават анализи како и секогаш и на крај ќе добиеме некое популиситчко решение. Кога станува збор за усогласувањето на пензиите, она што го најавуваат одржлива формула го гледаме на секои 3-4 години и посотојано се менуваат, изјави за „Анализа“ на Телевизија 24, Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека секогаш кога просечната пензија ќе падне под 60% од просечната плата, а таква состојба имаме сега, оправдано е зголемување на пензии и со вонредна мерка.
Имавме долг период со нулта стапка на инфлација и тогаш немаше со што да с еусогласува, единствено само со порастот на палти. А да потсетам токму владата на СДСМ го смени моделот и ги исклучи платите. Сега затоа што се смени состојбата има висока стапка на инфлација.
Тој истакна дека усогласувањето на пензионерите треба да им ја заштити куповната моќ и затоа пензиите мора да се усогласат спрема индексто на трошоци и порастот на платите.
Проблем е што било која формула д аја примените има диспабааланси каде проссечната пензија ќе заостане зад просечната плата така беше пред 2005. Оттука вонредните зголемувања кои потоа ги критикуваше СДСМ во 2008 и 2009 година доведоа просечната пензија од 50% од псеочната плата да се искачи на 60%. Сега пак зинесува 54% просечна пензија во однос на просчена плата, изјави Славески.