вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славевски: Во владата на СДСМ сеуште тлее несогласување за прашањата поврзани со даноците

Славевски: Во владата на СДСМ сеуште тлее несогласување за прашањата поврзани со даноците

Трајко Славевски, Член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го своето гостување во емисијата „Топ Тема“ кажа дека даночната сфера за овие предвремени парламентарни е затворена односно како може да биде затворена кога имавме катастрофални последици од воведувањето на прогресивниот данок.

-Пред неколку дена имало презентација на студијата во просториите на Министерството за финансии и за две работи дошло до сериозен конфликт помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска и Вицепремиер за економски прашања, Мила Царовска. Сериозниот конфликт бил токму во прашања за ова што ние го зборуваме, значи сеуште и по одењето на Анѓушев од Владата сеуште тлее оган однос несогласувања во врска со овие прашања поврзани со даноците, истакна Славевски.

Славевски во своето гостување го посочи и следното:

-Ова што сега ние го нудиме укинување, не одложување на прогресивниот данок затоа што СДСМ признаа дека направиле голема грешка, ама ќе размислуваме, ќе анализираме три години. Бизнисмените велат ние сакаме извесност, што после 3 години, што ако некому му текне даночни стапки од наместо 15% , 18 % да ги направи 30 итн. Ние нудиме извесност, сериозна политичка партија треба да понуди извесност. Ние кажуваме не само што ќе го вратиме рамниот данок тој останува доколку се разбира ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата кај граѓаните на следните предвремени парламентарни избори и дополнително ќе ги намалиме стапките на оданочувања.

-Славевски додаде дека имал лично искуство од намалување на даночните стапки кога сите вклучително и Меѓународниот монетарен фонд укажувале дека наводно ќе се колабира , дека ќе се намалеле даночните приходи, но даночните приходи се зголемија, тоа е историја која што ја призна како позитивна и самиот СДСМ.

Најнови вести