Денеска во кругот на Министерството за одбрана се одржа свечено примопредавање на функцијата министер за одбрана.
„Пред мене стои сериозен предивзик, да го сочувам она што досега е постигнато и да бидам политички двигател во процесите што ни претстојат“, рече новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска, која денеска и официјално ја презеде функцијата од нејзината претходничка, Радмила Шекеринска.
Шекеринска доби плакета како признание за придонесот во Армијата на Република Северна Македонија.