вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Следете ВО ЖИВО дискусија на тема: Што наследија општините?

Следете ВО ЖИВО дискусија на тема: Што наследија општините?

Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.

Свое обраќање на настанот во 17:00 часот ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми.

Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.

Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.

Овој настан можете да го следите во живо на Фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести