Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и носителот на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски, по средби со граѓаните во општина Ѓорче Петров, вечерва ќе ја посетат општина Куманово.
Тие ќе имаат средби со граѓаните, ќе разговараат за нивните проблеми, но и пред нив ќе ги претстават проектите од програмата со која ја бараат довербата на претстојните избори.
Настанот можете да го следите во живо на Фејсбук профилот на Христијан Мицкоски.