среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Случајот за гинекологот од Струга во рацете на Лекарската комора

Случајот за гинекологот од Струга во рацете на Лекарската комора

До крајот на оваа или најдоцна идната недела, Лекарската комора го презема случајот струшка болница. На барање на надлежните институции, комората налекари ќе проверува дали имало лекарска грешка во случаите кои пациенти ги отворија против директорот на струшката болница, Мухамед Асани, пренесува Сител.

Од лекарската комора за Сител велат дека работата на доктор Асани ќе ја проверува тим од лекари чиј идентитет нема да го знае ниту гинекологот ниту јавноста. Извештајот на нивната комисија ќе пресече, дали во процесот на породувањето на двете пациентки од Дебар имало прекршување на медицинските процедури.

Вчера и семејството Несимовски од Дебар го обвини директорот на струшката болница Мухамед Асани дека поради лекарска грешка при породувањето, нивната 2 годишна ќерка има церебрална парализа. Неколку дена претходно пред камерите на Сител медицинската сестра Јлдиз Веаповска сведочеше за голготата која ја поминала низ струшката болница каде влегла за да се породи а се разбудила 10 дена подоцна на скопските клиники без бубрег, матка и еден јајник. И двете семејства најавија кривични пријави за докторот.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во понеделникот вечерта со асистенција на полицијата влезе во домот на докторот Асани.

Од таму за Сител велат дека по допрен глас вршеле проверка на информациите дека докторот ординирал во ординација во својот дом. На лице место затекнале импровизирана гинеколошка ординација но како што велат во неа немало ниту пациенти ниту медицински инструменти ниту пак било каква документација, а докторот тврдел дека не ја користел.

Доктор Асани не сака да коментира и вели дека случајот им го препушта на надлежните институции.

Најнови вести