четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ платите на просветните работници ќе се усогласат и зголемат и до 70%, а пензиите 20%“

„Со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ платите на просветните работници ќе се усогласат и зголемат и до 70%, а пензиите 20%“

Со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ платите на просветните работници ќе се усогласат и зголемат и до 70%, а пензиите 20%, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со амандманот на Законот за минимална плата бара усогласување на платите во јавниот сектор согласно Колективниот договор кој го имаат потпишано синдикатите со министерството, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе се зголемат и до 70%, исто така покачување ќе има и за административно техничкиот персонал. ВМРО-ДПМНЕ дополнително преку Собранието бара зголемување на пензиите за 20%, со што ќе се усогласат со покачените цени, и нема да дозволат пензионерите да влезат во оскудност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта да покаже слух и да ги поддржи законските решенија предложени од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму.

Најнови вести