Автомобил од марката „Бентли“ со скопски регистерски таблички со голема брзина поминува среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што во овој претпразничен период обично се собираат многу посетители и деца.
На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како граѓаните кои се затекнаа под украсот панично бегаат.
Во меѓувреме МВР го пронашла возачот .
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР.
Видеото го пренесе и А1ОН: