сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Раскитен плоштадот во Загреб – вечер ќе се гледа фудбал, во понеделник пречек на Ливаковиќ, Модриќ и другарите

ФОТО: Раскитен плоштадот во Загреб – вечер ќе се гледа фудбал, во понеделник пречек на Ливаковиќ, Модриќ и другарите
Patrik Macek/PIXSELL

Дел од жителите на Загреб останаа шокирани откако утринава видоа дека се отстрануваат новогодишните украси од Плоштадот Бан Јелачиќ.

ФОТО: Patrik Macek/PIXSELL

Градските власти почнаа да ги отстрануваат новогодишните украси од главниот плоштад во Загреб, а причина за ова е пречекот на хрватската репрезентација по враќањето од Мундијалот.

ФОТО: Patrik Macek/PIXSELL

Воедно главниот градски плоштад се подготвува и за организирано следење на дешениот натпревар меѓу Хрватска и Аргентина од 20 часот.

ФОТО: Patrik Macek/PIXSELL

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, на редовната прес-конференција потврди дека се отстрануваат украсите од плоштадот за да се гледа натпреварот, но и за пречек на репрезентацијата чие враќање дома е најавено за понеделник попладне.

ФОТО: Patrik Macek/PIXSELL