петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Со пуштање на партиската химна на СДС, владата на СДС направи пародија од 11 Октомври, наместо паушални соопштенија, веднаш да се извини“

„Со пуштање на партиската химна на СДС, владата на СДС направи пародија од 11 Октомври, наместо паушални соопштенија, веднаш да се извини“

Владата на СДС и Ковачевски се целосно одлепени од реалноста. Колку и да демантираат од Влада на Ковачевски и СДС, не можат да го сокријат фактот дека целосно го исквернави 11 Октомври и наместо да ја пуштат државата химна, владата ја пушти партиската химна на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај тоа што изминатите 2 години откако Ковачевски е премиер во слоганите за чествување на 11 Октомври кој е ден на народното востание на македонскиот народ целосно изостанува името Македонија, македонски народ или македонска држава.

Со пуштање на партиската химна на СДС, владата на СДС направи пародија од големиот државен празник.

Наместо да праќаат паушални соопштенија, да си ја признаат грешката и веднаш да се извинат на граѓаните.

СДС и Ковачевски на партиски настани може да си пуштаат каква музика сакаат, но на државен празник кој го празнуваат со народни пари мора да ги почитуваат симболите на државата.

Им испраќаме видео како доказ, за да ги потсетиме на нивното недолично однесување и скрнавење на државниот празник, додаваат од партијата.

Најнови вести