недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Со секој ден на Заев и Анѓушев во владата во Македонија се живее се потешко, време е измамниците да се изметат“

„Со секој ден на Заев и Анѓушев во владата во Македонија се живее се потешко, време е измамниците да се изметат“

„Таа дупка не е дупка“ е основната поента на прес конференцијата што ја одржа Кочо Анѓушев. Анѓушев по налог на Заев повторно се обидуваат да ја измамат јавноста со презентирање поинаква состојба со странските директни инвестиции. Зоран Заев и Кочо Анѓушев се патолошки лажговци. Друго образложение за апсурдниот настап нема, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Кочо Анѓушев од каде додаваат:

„Денес Кочо Анѓушев ја манипулираше македонската јавност. Тој ја оспорува методологијата на НБРМ и од тековите по основ на Странски директни инвестиции ги исклучува должничките инструменти, нешто што никогаш не се правело, дури ни на претходните прес конференции држени од него.
Зошто Анѓушев не призна дека заедно со Заев лажеле за 2018 година и не објави дека странските директни инвестиции во 2018 година не изнесуваат 624 милиони евра туку 395 милиони евра, доколку се исклучат должничките текови.“

-Измамниците Заев и Анѓушев ги презентираат податоците мислејќи дека никој не разбира што прават. Доколку Заев и Анѓушев не знаат да читаат и не ги разбираат извештаите, нека ангажираат некој што ќе им го протолкува и извештајот на ЕК во кој што има зачуденост од ниската реализација на капиталните инвестиции, потфрлањето во растот и расфрлањето со парите на граѓаните. Со секој ден на Заев и Анѓушев во владата во Македонија се живее се потешко. Време е измамниците да се изметат, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести