петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на Ромите

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на Ромите

Во Собранието денеска Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите.

Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија Љатифе Шиковска и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Видео-обраќања ќе имаат генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации Антонио Гутереш и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.

Предвидено е и свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во Република Северна Македонија. Плакета ќе добие Зоран Димов, претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите ќе има можност за разгледување на изложбени историски артефакти преку фотографии и видео.

Најнови вести