вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Собранието ќе ја продолжи 57-та седница

Собранието ќе ја продолжи 57-та седница

Собранието денеска ќе ја продолжи 57-та седница, на која се останати седум точки од дневниот ред.

Од петнаесетте точки на дневен ред, се уште не се разгледани Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во прво читање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, во прво читање

Во рамките на оваа седница пратениците ќе ги разгледаат и предлозите на одлуките за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2022 година, за одобрување на Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2022 година и за одобрување на Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2022 година, како и Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.

Најнови вести