Собранието денеска треба да одржи продолженија на шест седници, на третата, четвртата, шестата, седмата, осмата и деветтата, на кои треба да одлучува за извештаи за работата на неколку институции за 2019 година.
Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2019 година ќе биде единствена точна на дневен ред на продолжението на третата собраниска седница.
Пратениците на продолжението на четвртата седница ќе расправаат за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 година.
На дневен ред на шестата седница е Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2019 година, а на седмата седница на законодавниот дом Годишниот извештај на Агенцијата за пошти за 2019 година и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2019 година.
Пред пратениците на продолжението на осмата собраниска седница ќе биде Годишниот извештај за работата на Инспекцискиот совет за 2019 година, а на деветтата седница е Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2019 година.