Собранието на Република Македонија попладнево во продолжението на 59. седница усвои четири закони по скратена постапка.
Пратениците по скратена постапка ги усвоија дополнувањата на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.
Измените се однесуваат на домашна аудио и видео продукција. Измените ќе важат до 1 јануари 2019 година.
Пратениците ги донесоа и измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка. (МИА)