понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сочувство од Џафери за изгубените животи во автобуската несреќа во Бугарија

Сочувство од Џафери за изгубените животи во автобуската несреќа во Бугарија
МИА

Претседателот на Собранието Талат Џафери изрази сочувство лично и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија за трагично загинатите лица во автобуската несреќа што се случи во Бугарија, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

На патниците кои успеаја да се спасат од оваа несреќа, им посакува брзо заздравување на физичката и на душевната болка.

– Длабоко сум трогнат од ужасната вест за неповратно изгубените човечки животи на наши сограѓани во автобуската несреќа во Бугарија. Тагата, горчината и беспомошноста се чувствува во сечиј поглед, во сечија душа и ум. Со мислите, со молитвите и со сето мое битие сум со семејствата на трагично загинатите, иако свесен дека во моментов, нема збор што може да ја утеши нивната болка, загуба и вечната празнина што ќе остане по загубата на драгите членови на семејството. Свесен за младите животи кои беа на прагот на нивната младост и имаа уште многу што да понудат на овој свет и да добијат во возврат од него, се вели во телеграмата за сочувство од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Најнови вести