Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази сочувство по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.
-Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.
Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност, нагласува премиерот Ковачевски, останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните.