СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ – Скопје во име на управителот на Заедницата и во име на нејзините членки, изразува сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата која се случи утрово во Бугарија, а на повредените во автобуската несреќа и посакува побрзо закрепнување.
-Во овие тешки и неизвесни моменти, би сакале да апелираме сите ние да се воздржиме од дополнителни коментари за причините за сообраќајна несреќа, надлежните органи и институции да ги спроведат потребните активности, и да се сочекаат официјални резултати од истрагата, велат од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.