четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Социјалните мрежи вријат: Од каде толкава омраза кај Орданоски?

Социјалните мрежи вријат: Од каде толкава омраза кај Орданоски?

Вечерва топ тема беше гостувањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Печат на неделата“ кај новинарот Сашо Орданоски со кого имаше жесток дуел.

Мицкоски му порача дека има чувство како да е на дуел со Зоран Заев.

Орданоски, кој беше видно вознемирен, во емисијата неколку пати го обвини лидерот на опозицијата Мицкоски без притоа да даде конкретни докази против него. Тој цело време избегнуваше да поставува прашања за актурлната власт и актуелните афери, откако СДСМ дојде на власт, и сакаше тоа да го сведе на нешто што е нормално во државата.

Поголем дел од интервјуто Орданоски поставуваше прашања поврзани со претходната власт кога на владејачка партија беше ВМРО-ДПМНЕ, а премиер Никола Груевски.

Освен тоа, Орданоски не му дозволуваше на лидерот на опозицијата да даде целосни одговори.

– Јас Ве сослушав. Неколку тези дадовте, ако ми дозволите да одговорам без да ме прекинувате. – реагираше Мицкоски, на што доби одговор дека ќе биде прекинат секогаш кога тоа му одговара на Орданоски.

Мицкоски му забележа неколку пати на Орданоски дека, иако се бори за правна држава, воопшто не ја критикува власта за актуелните скандали што се случуваат, со непотизмот, со сомнителното доделување на тендери.

На ова Орданоски не даде конкретен одговор, туку повторно започна да зборува за поранешната влада.

Граѓаните имаа можност преку социјалната мрежа Фејсбук да ја гледаат емисијата, како и да коментираат.

Ви пренесуваме дел од коментарите:

Најнови вести