сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози

Во период од 18 август до 12 септември сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат од понеделник до петок, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Од АМСМ соопштија дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ додаваат дека патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 1 ок томври 2022 година, за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Најнови вести