недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Социјалистичка партија на Македонија: Уставните измени се производ на диктат и уцени кои не се прифатливи за македонските граѓани

Социјалистичка партија на Македонија: Уставните измени се производ на диктат и уцени кои не се прифатливи за македонските граѓани

Социјалистичката партија на Македонија во целост го поддржува заклучокот на Коалицијата “Обнова на Македонија” за реафирмирање на ставот за неотварање на Уставот на Македонија и уставните измени.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека уставните измени се производ на диктат и уцени кои не се прифатливи за македонските граѓани.

Во продолжение следува интегрален текст од партиското соопштение:

Социјалистичката партија на Македонија пред македонскиот народ и сите граѓани го повторува ставот според кој парламентарните политички партии, уште помалку пратениците во овој состав во Собранието, немаат мандат, ниту легитимитет за носење одлука која не е дел од програмите, а денес и огромното мнозинство македонски граѓани е против. Оттаму, сметаме дека Собранието на Република Македонија не смее да се стави во функција да исполнува барања за персонални бизнис и политички интереси на власта туку исклучиво во согласност со Уставот да им служи на граѓаните.

Социјалистичката партија на Македонија силно ја поддржува европската интеграција на Македонија, меѓутоа потребно е таа да биде во согласност со општо прифатените и за сите единствени европски стандарди и критериуми кои исклучуваат процес со прифатени понижувачки диктати и условувања, за што единствена вина има однародената Влада на СДС и ДУИ.

Затоа сметаме дека Република Македонија, македонскиот народ и сите граѓани во пристапниот процес во ЕУ е нужно да имаат подеднакво достоинствено внимание како и останатите држави.

Социјалистичката партија на Македонија, како постојана парламентарна партија и коалициски партнер, цврсто стои зад Пратеничката група на Коалицијата “Обнова на Македонија” во едногласната поддршка на г-динот Христијан Мицкоски во пресрет на средба на која ќе се повтори принципиелниот коалициски став за заштита на националните и државните интереси и одлучното одбивање на уставните измени.

Воедно, сметаме дека на средбата е многу важно отварањето на темата за дефинирање на одржувањето на предвремените парламентарни избори како излез од длабоката политичка и севкупна криза, надминување на закочениот евроинтегративен процес и спас за макединската држава.

Најнови вести