Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Скопје. Тој е единствениот градоначалник кој нема започнато капитален проект во својот мандат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.
-И Ристо Пенов и Трифун Костовски ќе ги паметиме по нешто, Коце Трајановски по многу, а само Шилегов по ништо. Всушност на Петре Шилегов сите ќе се сеќаваат како на градоначалникот кој не работеше ништо. Град Скопје има 8.5 пати поголем долг сега, отколку пред 4 години. Петре Шилегов го задолжи Скопје 8.5 пати повеќе, отколку што беше во времето на Коце Трајановски. Каде отидоа парите за кои Шилегов го задолжи градот?, прашуваат од советничката група.
Од таму додаваат дека градот е во долгови, а нема никаков капитален проект. Завршија ли сите буџетски пари во тендери и набавки на двојно или тројно претплатени стоки и услуги? 4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е!