Шилегов во денешното интервју призна дека не направил ниту еден капитален проект. Големите ветувања за мост под Кале ќе чекаат децении, реагираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, по интервјуто на градоначалникот Шилегов.
Шилегов денеска призна дека прокоцкал 4 години од животот на скопјани и од историјата на градот без да изгради било што.
Една нова улица не е направена, еден нов тротоар нема. Само политизирање.
Шилегов да каже уште колку децении би му требале да ги направи проектите што ги вети? Ако пост земјотресно Скопје се градеше со темпото на Шилегов, веројатно уште ќе бевме при монтирањето на бараките.
Скопјани видоа дека со Шилегов нема напредок, времето за негова смена доаѓа, стои во реакцијата на советничката група ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.