вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советникот на СДСМ со возен парк од МИЛИОН ДОЛАРИ, ДКСК го разгледува случајот, во СДСМ не го виделе видеото

Советникот на СДСМ со возен парк од МИЛИОН ДОЛАРИ, ДКСК го разгледува случајот, во СДСМ не го виделе видеото

Габриел Бајрам, син на починатиот Амди Бајрам, кој долги години беше пратеник во македонското собрание, глуми џет-сет на социјалните мрежи.

Имено во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук излезе видео од роденденска прослава на синот на Габриел Бајрам, Валентин, а подарокот кој го доби за својот родененден од својот татко многумина ги остави со безброј прашалници во глава.

Додека народот се тепа за поевтин бензин, Габриел Бајрам му купи Мерцедес Џип на синот – се славеше со Моети, музика и се фрлаа евра (ВИДЕО)

Автомобил марка „Мерцедес Г-класа“, кој вреди помеѓу 150.000 и 180.000 евра, во зависност од опремата која ја поседува.

Габриел Бајрам е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје. Видеото на кое покрај овој Мерцедес, се гледаат уште неколку ултра-луксузни автомобили, меѓу кои и два ни помалку ни повеќе „Ролс Ројса“, кои пак се проценуваат дека чинат помеѓу 250.000 и 300.000 евра. Во неговата гаража можеа да се видат уште два Мерцедеси и неколку мотори.

При давањето на подарокот, Габриел Бајрам и неговите пријатели наздравуваа со „Моет“, а едно шише од ова скапо шампањско беше искористено за полевање на џипот.

Дрско, навидум безобразно, ако се земе во предвид актуелната ситуација во државата е еден функционер на ваков начин да се однесува во јавност.

Но, тука се поставува прашањето, од каде толку пари на фамилијата Бајрам, дали се од некаков бизнис или пак тоа се пари од крипто валути, фарма за копање која пред само неколку месеци беше откриена во ГТЦ, а истата експресно беше дислоцирана, а за која до ден денес ниту една институција ништо не преземала.

Став побаравме од првата антикорупционерка Биљана Ивановска, која за Курир вели дека ДКСК ќе постапи по овој случај, а доколку се утврди вина истата ќе биде соопштена.

-Ние можеме да ја разгледаме по допрен глас информацијата и да ја провериме имотната состојба, односно што пријавил господинот, односно дали го пријавил тој возен парк или не. Тој може да се вади на тоа дека не се негови колите и затоа ние апелираме постојано дека е потребен закон за потекло на имот за да се знае како е стекнат секој вид на имот, со какви пари е стекнат. Ќе го разгледаме овој случај и ќе постапиме во рамките на нашата надлежност, рече во изјава за Курир, претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска.

Без закон за потекло на имот од ДКСК велат дека не можат да направат ништо.

Став побаравме и од СДСМ, чии советник е Бајрам. Портпаролот на партијата Богданка Кузеска за Курир вели дека се уште го нема видено видеото иако истото беше објавено вчера.

Но, ова не се единствените скандали на фамилијата Бајрам.

Во минатото тие беа вмешани и во сообраќајната несреќа со автомобил марка „Масерати“, физички пресметки и други скандали.

Случајот со автопералната во ГТЦ, како и со фармата со криптовалути во истиот трговски центар.

Текстот може да го прочитате ТУКА

Кој ја штити фамилијата Бајрам? За чии интереси таа работи?

 

Ристе Здравков

Најнови вести