петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советникот на Спасовски, Фатмир Битиќи во самоизолација – Имал средба со директорката на УЈП

Советникот на Спасовски, Фатмир Битиќи во самоизолација – Имал средба со директорката на УЈП

И советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, од денес е во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Лукаревска претходно денеска соопшти преку Фејсбук дека е позитивна на Ковид-19. Битиќи веста исто така ја соопшти преку неговиот Фејсбук-профил.

-После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од утрово, по насоки на епидемиолозите сум во самоизолација до 12 Јуни. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје, напиша Битиќи.

Најнови вести