вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски изрази благодарност за поддршката на ОБСЕ кон МВР

Спасовски изрази благодарност за поддршката на ОБСЕ кон МВР

Заеднички реализиравме многу проекти, при што ги унапредивме партнерството и соработката на високо ниво, а во насока на трите воспоставени стратешки цели за професионализација, демократско полициско работење и сузбивање на транснационални закани кои ги опфаќаат борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој вечерва присуствуваше на приемот по повод одбележувањето на 30-годишнината на мисијата на ОБСЕ во нашата држава.

– Како МВР, низ низа системски реформи успеавме да ја зголемиме доверба на граѓаните во полицијата, како и транспарентноста на Министерството, а не можам да не споменам дека токму ОБСЕ одигра клучна улога во овие процеси, преку заеднички активности, кои продолжуваат и во иднина, со цел да изградиме позитивна перцепција на јавноста кон полицијата, вели министерот Спасовски.

Променетото меѓународно позиционирање на РСМ со приемот во НАТО во март 2020 година, и прогресот во 2017 година во владеењето на правото, демократијата, човековите права, развојот на моделот на мултиетнички односи, надополнето со посветениот ангажман кон регионалната соработка и добрососедството, како што посочува Спасовски, придонесоа Северна Македонија во 2023 година да ја преземе улогата на претседавач со ОБСЕ.

– Во оваа прилика упатувам благодарност за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, со уверување за заеднички заложби за уште подобри резултати, додава министерот.

Најнови вести