понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски на министерска конференција во Атина

Спасовски на министерска конференција во Атина

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на официјална покана од грчкиот министер за цивилна заштита Панајотис Теодорикакос, денеска и утре ќе учествува на Министерска конференција во Атина, организирана во рамки на претседавањето на Грција со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во периодот 2021-2022 година.

Како што најавија од МВР, на маргините на конференцијата предвидена е и билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот грчки колега Теодорикакос.

Најнови вести