Техничкиот премиер Спасовски објави дека карантинот во недела на Рамазан Бајрам ќе започне од 5 часот наутро а ќе трае до 11 часот по што блокадата за граѓаните ќе трае до вторник наутро.
ИВЗ која признава дека тоа го побарала од владата е задоволна од одлуката со која верниците ќе можат во 0530 наутро да ги посетат џамиите.
Останатите верници и граѓани се бесни затоа што СДСМ попуштила пред ИВЗ и ДУИ а за Велигден блокадата траеше 60 часови и христијаните не можеа да одат во црква.
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) May 22, 2020