четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски: Реџепи јавно да се извини во рок од три дена

Спасовски: Реџепи јавно да се извини во рок од три дена

Директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски во целост ги отфрла наводите и обвинувањата на поранешниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи изнесени во порталот,, А1 он”, за наводни притисоци за преместување на Бојан Јовановски и Сеад Кочан во други полоши услови, се вели во соопштението испратено до медиумите од МВР.

-Спасовски бара од Реџепи јавно да се извини во рок од три дена за изнесената клевета. Во спротивно ќе ги преземе сите институционални мерки за заштита на своето достоинство и интегритет.  Ваквите изјави нема да ја поколебаат Управата за извршување на санкции да се справува против девијантните однесувања а неселективната борба против криминалот и корупцијата во казнено поправните установи ќе продолжи и во наредниот период, истакнуваат од МВР.

Најнови вести