вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски тврди дека МВР патролно ги обезбедува сите училишта 24 часа, но и покрај тоа проверките остануваат на сила

Спасовски тврди дека МВР патролно ги обезбедува сите училишта 24 часа, но и покрај тоа проверките остануваат на сила

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва соопшти дека упатството за постапување во случаите за дојави на бомби е променето и тоа ќе започне да се применува од утре.

Во однос на барањето за 24-часовно полициско обезбедување на училиштата во кои таква мерка нема, Спасовски информираше дека и досега припадниците на МВР, патролно ги обезбедувале сите училишта 24 часа.

„Упатството е такво што укажува дека веднаш по дојавите ќе мора да се преземаат тие мерки, кои што се преземаат и од тоа не смееме да отстапиме, затоа што никој не може да понесе одговорност за било што, ако не е постапено во согласност со упатствата. Затоа мора колегите да постапуваат, меѓутоа не останавме само на постапувањето. Ние бараме начини, решенија, како да дојдеме до тоа целата оваа состојба да се реши “ – изјави Спасовски.

Тој додаде дека МВР и писмено се обратил до одредени институции за информациите, што тие презеле од нивната надлежност. Доколку има институции или поединци кои не презеле соодветни активности од својата надлежност а биле должни да ги преземат, за тоа ќе биде известено и јавното обвинителство, изјави Спасовски.

Министерот за внатрешни работи оцени дека за успешно справување со оваа закана, неопходна е заедничка активност на сите институции, покрај МВР, како Агенцијата за национална безбедност,Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации.

Најнови вести