среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ: Битиќи не ветува зголемување на платите на вработените кои штрајкуваат

СПМ: Битиќи не ветува зголемување на платите на вработените кои штрајкуваат

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека стратегот на Владата за економски прашања вицепремиерот Фатмир Битиќи не ветува зголемување платите на вработените кои штрајкуваат.

-Тој цени дека нема да има генерален штрајк иако е свесен за незадоволството кое тлее и се разгорува подолго време кај вработените.

Социјалдемократот Битиќи, со големо потценување и неискреност, се обидува работниците да ги превезе жедни преку вода со најава дека со нов колективен договор ќе се уреди системот за плати. Работниците предводени од синдикатите се свесни дека нема успех во одлагањето на преговорите и затоа покренуваат генерален штрајк за кој Битиќи не се согласува.

Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека уставното право на штрајк не може да го сопре ни Битиќи ниту неговиот нелегитимен шеф Ковачевски, ниту пак наводно штедливиот финансиер Бесими.

Тие сите нештата ги гледаат со розеви наочари зголемени за 78% и не се грижат многу за работничките права и плати. Нивниот фокус се богатите бзинисмени и инвеститорите кои им нудат ниски плати на работниците заради што тие се принудени да штрајкуваат.

Платите и пензиите се главна причина за незадовоство и иселување на работниците во странство, а власта предводена од некадарните криминални министри не е загрижена.

Социјалдемократите Битиќи и Ковачевски им се закануваат на работниците, посебно на цариниците и даночниците, а решение гледаат во увоз на работна сила која ќе може да ја експлотираат дури повеќе од постојните работници во државата. Национално и идеолошки загубената социјалдемократска власт создава егзодус на домашните работници и граѓани кои живеат во беда и сиромаштија.

Социјалистичката партија на Македонија нагласува дека ниското ниво на плати и пензии создава и ќе создава и натаму незадоволство и штрајкови се додека антидемократската и нереформска власт не се соочи со реалноста дека е корумпирана и не може да владее оти е неспособна и никој не ја респектира. Власта создава нестабилност и општествени потреси.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека новите избори природно се наметнуваат и не треба да се одлагаат. Состојбите ескалираат и ги закочуваат финансиските и редовните текови Во нормални преговарачки услови со легитимна власт се наоѓаат брзо решенија на страните кои меѓусебно се почитуваат, а не власта да ги потценува и изигрува работниците кои имаат легитимни барања, велат од СПМ.

Најнови вести