Пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ гласаше против потребата за гласање на договорот со Грција по итна постапка, а наредниот ден според извештајот на Собранието тој гласал „ЗА“ овој договор, нешто што токму според пратеникот не е возможно, бидејќи тој дента бил надвор од државата.
-Јас добив една таква порака, дека пратеникот Мухиќ овој пат гласал „ЗА“- не. Јас се јавив веднаш и до нашите служби и до координаторот, тој ми ги испрати листите на кои не стои воопшто дека пратеникот Мухиќ гласал „ЗА“, изјави Мухиќ во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
И покрај тоа што Мухиќ кажа дека го немало во листинзите, во извештајот на официјалната страна на Собранието стои дека тој гласал „ЗА“ ратификацијата на договорот.