петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Според извештајот на Собранието Мухиќ гласал „ЗА“ ратификација на договорот со Грција, пратеникот вели дека бил во странство дента

Според извештајот на Собранието Мухиќ гласал „ЗА“ ратификација на договорот со Грција, пратеникот вели дека бил во странство дента

Пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ гласаше против потребата за гласање на договорот со Грција по итна постапка, а наредниот ден според извештајот на Собранието тој гласал „ЗА“ овој договор, нешто што токму според пратеникот не е возможно, бидејќи тој дента бил надвор од државата.

-Јас добив една таква порака, дека пратеникот Мухиќ овој пат гласал „ЗА“- не. Јас се јавив веднаш и до нашите служби и до координаторот, тој ми ги испрати листите на кои не стои воопшто дека пратеникот Мухиќ гласал „ЗА“, изјави Мухиќ во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

И покрај тоа што Мухиќ кажа дека го немало во листинзите, во извештајот на официјалната страна на Собранието стои дека тој гласал „ЗА“ ратификацијата на договорот.

Најнови вести