вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба на КСС и високите претставници од Европската Конфедерација на синдикати

Средба на КСС и високите претставници од Европската Конфедерација на синдикати

Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, вчера одржа средба со делегацијата на Европската Конфедерација на синдикати (ЕТУК), предводена од страна на Генералниот Секретар на ЕТУК, г-динот Лука Висентини, специјалниот советник г-динот Јозеф Нимиц и раководителот на човечки ресурси г-ѓа Синеад Тиернан, соопштија од КСС.

Од КСС истакнаа дека на состанокот се разговарало за екстремно деликатната состојба во која се наоѓа Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и уште еднаш претставниците од ЕТУК биле запознаени со сите форми на притисоци со кои се соочуваат КСС и неговите членови, како што се откази, притисоци за отчленување од синдикатот, репресии на синдикални лидери, поткрепени со валидна документација. Се дошло до заклучок дека во нашата земја се кршат основните принципи на синдикалното делување, се кршат законите, како и Меѓународните конвенциии на МОТ, особено Конвенцијата за човекови права и биле утврдени понатамошните чекори на делување.

Според нив, на состанокот се дискутирало и околу законодавството во Македонија, за што се согласиле дека Законот за работни односи е закон кој е по терк на европската легислатива и овозможува соодветна заштита на работниците, кој би можел незначително да се ревидира со елементи од Европскиот социјален чартер кој што ги гарантира основните социјални и економски права.

„Со ова се докажа ставот на КСС, кој е изнесен многупати јавно, дека Македонија има европски Закон за работни односи, со мал број на номотехнички грешки и дека глумењето на инклузивност  за градење на реформи во работното законодавство е само проформа и маска позади која се кријат одредени организации и одредени министерства во земјава“, велат од КСС во соопштението.

Тие наведоа дека КСС како полноправна членка на ЕТУК добила поддршка за досегашните синдикални активности, а исто така биле договорени и следните чекори на соработка помеѓу ЕТУК И КСС.

Најнови вести