среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба на министерката Петровска со британските парламентарци Алекс Собел и Стивен Даути

Средба на министерката Петровска со британските парламентарци Алекс Собел и Стивен Даути

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со претставници на Лабуристичката партија во британскиот парламент, Алекс Собел и Стивен Даути, со кои разговарала за силната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, видлива преку реализирани заеднички обуки и вежби со кои ја градиме интероперабилноста со партнерите и сојузниците на НАТО.

На средбата, соопштија од МО, се разговарало за неодамна одржаната вежба Swift Response 22, најголема одржана вежба на територијата на Северна Македонија, која е пример за планирање, тренинг и заедничко координирање и дејствување на НАТО сојузниците и покажа дека нашите војници се подготвени да бидат домаќини и да демонстрираат подготвеност и интероперабилност.

Петровска порачала дека Македонија е кредибилен партнер посветен на западните вредности, а со членството на нашата држава во НАТО, Балканот е постабилен и побезбеден. Додала дека брза интеграција во ЕУ дополнително ќе ја зајакне нашата стабилност и безбедност.

Министерката Петровска се заблагодарила за континуираната сојузничка и пријателска поддршка и за досегашните и идните донации од Обединетото Кралство со кои министерството и Армијата ги развиваат своите капацитети.

Собел и Даути се пратеници од Лабуристичката партија кои се залагаат за брза интеграција на Западен Балкан во Европската унија. (МИА)

Најнови вести