Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање и претставници на управата.
-На средбата се разговараше за тековната работа на управата и активностите во насока на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и напорите за натамошно зајакнување на сопствените кадровски и технички капацитети на оваа институција.
Претставниците на управата го информираа претседателот Пендаровски и за тековната соработка и координација меѓу сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, информираат од Кабинетот на претседателот.
На средбата се разговараше и за меѓународната и регионална соработка на управата, во насока на размена на информации и искуства.