четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба на Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“

Средба на Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

-На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на програмата на годинашниот 44-ти интернационален фестивал на филмска камера ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Шефот на државата ја поздравил речиси петдеценицската традиција на фестивалот и истакнал дека го радува фактот што од година в година се повеќе се збогатува програмата на „Браќа Манаки“, а Битола ја посетуваат звучни имиња од светската филмска индустрија.

-Со тоа, како што потенцираше претседателот, фестивалот е промотор, не само на Битола како град, туку воопшто на македонската култура во светот, се наведува во соопштението.

Најнови вести