понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2806 денари

ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2806 денари

Потсетуваме дека во преговорите за нов Општ колективен договор за јавниот сектор беше прифатено дека линеарното зголемување на платите за најмалку 2806 денари ќе се случи со ребалансот на буџетот, како што бевме убедувани од Владата, но за жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130 илјади работници во државата во време кога економската,енергетската криза и инфацијата ги јадат работничките плати, се наведува во реакцијата од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во однос на ребалансот на Буџетот.

Бараат итна средба со Владата, на која ќе биде потврдено тоа што начелно беше договарано и истото да се реализира веднаш.

– Ако не биде постигнат договор за 2806 денари сега, од септември истото ќе изнесува 18,4 проценти односно онолку за колку што се зголеми минималната плата согласно Закон, каде што рокот од 6 месеци мора да се испочитува за што и Владата јасно истакна дека во рок од 6 месеци ќе се усогласат останатите плати и од тоа назад нема!, се подвлекува во соопштението од ССМ.

Потсетуваат дека ССМ и синдикатите бараа зголемување на платата уште од 1 мај и поради тоа на улица излегоа преку 7500 работници, кои јасно ја упатија пораката дека зголемени плати им се потребни веднаш, но очигледно пораката не е разбрана.

– ССМ настојува да се помогне на работниците со најниски примања и поради тоа барањето за зголемување на платите за 2806 денари веднаш е солидарно решение, а во спротивно и од сигналите кои со ребалансот се испраќаат, солидарноста ќе ја снема и работниците ќе го бараат тоа што им следува по закон, соопштија од ССМ.

Најнови вести