петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменкоска Трајкоска: Одбивањето на иницијативата за референдум ја направи ситуацијата да Талат Џафери се стави како потенцијален кандидат за Уставен судија

Стаменкоска Трајкоска: Одбивањето на иницијативата за референдум ја направи ситуацијата да Талат Џафери се стави како потенцијален кандидат за Уставен судија

Не ни очекуваме дека може нешто по различно да се случи од човек кој не ја практикува демократијата, бидејќи тоа е своевидно докажано, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

„Ние реагираме на сите неправилности кои Талат Џафери ги прави во Собранието. Самото одбивање на иницијативата за референдум ја направи ситуацијата да тој се стави како потенцијален кандидат за уставен судија, бидејќи сега веќе ќе им треба и четврт уставен судија да има како кандидат“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Стаменскоска Трајкоска посочи дека примерот за работењето во Собранието е самиот Талат Џафери.

„За жал ако првиот е лажго, корумпиран и потенцијален криминалец итн што очекуваме тогаш останатите какви да бидат. Значи првиот треба да биде за пример личност која ќе даде мотивација на останатите дека професионалност и чесност е карактеристика на сите, но за жал ние немаме таков пример и затоа ни се потребни избори час поскоро“, кажа Стаманкоска Трајкоска.

Таа потенцираше дека доколку имавме правна држава немаше да збориме за вакви проблеми.

„Ако ние имавме квалитетно Собрание немаше јас да зборувам многу повеќе за лошите предлози на уставни судии кои СДСМ и ДУИ ги даваат во Собранието туку јас ќе зборував како опозиционен пратеник сум помогнала во сверата на образованието. Но тоа е во една идеална ситуација“, додаде Стаменкоска Трајкоска.

Таа потенцираше дека тие како опозиција нема да го напуштат Собранието бидејќи тоа е многу лоша опција.

„Сега во една ваква хаотична ситуација каде владее криминал и корупција за жал сме приморани да истражуваме, учиме, напаѓаме, да се браниме од криминалот кој може и те како да биде многу поголем доколку ние го напуштиме Собранието како опозиција. Ние како опозиција сме повикани често пати да го напуштиме Собранието, но тоа е една многу лоша опција заради тоа што ако ние го напуштиме Собранието, тогаш Јовески ќе биде и те како набрзина номиниран да биде Уставен судија.“ кажа Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести