недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменкоска Трајкоска: Шахпаска истрошен кадар од транзицијата

Стаменкоска Трајкоска: Шахпаска истрошен кадар од транзицијата

-Кадровските решенија за владата на Заев се слика и прилика на него лично. Како и самиот тој, така и неговите предлози се стари истрошени транзициски кадри. Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела фамилија во државна администрација, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната прес-конференција.

Таа истакна дека постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“.

-Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес, посочи Стаменкоска Трајкоска.

Која е квалификацијата што Шахпаска ја има за да биде министер за труд и социјална политика, дали тоа што како пратеник успеа да си ги вработи сопругот и золвата или тоа што нема направено ништо за регионот од кој што доаѓа?! Од ова се заклучува само дека од Шахпаска можеме да очекуваме само вработување на свои блиски, доколку има такви и до сега не ги вработила. Доволно е граѓаните видат примерите со Берово и Пехчево и да видат што ја очекува цела Македонија. Ова не се ниту нови кадри, ниту способни. Ова се стари истрошени кадри, кои поминале неколку функции низ годините наназад. Ова се кадри остатоци од транзицијата.СДСМ и нивните кадри во таканаречената нова влада не можат да донесат ништо ново, заклучи таа.

Најнови вести