петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да изгласаат импичмент против Претседателот на државата

Стаменковска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да  изгласаат импичмент против Претседателот на државата

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, во емисијата „Алфаскоп“ истакна дека најавата за импичмент на Зоран Заев е сосема очекувана кај јавноста. Таа посочи дека за тоа е потребно дво – третинско мнозинство од пратениците во Собранието, а ставот на опозицијата е дека никогаш нема да потпише импичмент против Претседателот.

-Како што не служи практиката во многу случаи, не е само оваа спогодба, Законот за јазиците и многу други документи кои што се носат во државата, ова некако ми е очекувана работа и останува само на зборови. Тој за да покрене импичмент да се изгласа во Собранието на Македонија, потребно му е дво – третинско мнозинство. Ставот на опозиционата партија е таа. Ние никогаш нема да изгласаме импичмент против Претседателот на државата, рече Стаменковска.

Таа рече дека Претседателот има апсолутно право да одлучи кога одреден закон нема да го ратификува. Таа посочи дека овој договор е ништовден уште од самиот почеток на неговото објавување бидејќи во договорот не е напишано името на нашата држава а и не е поддржан од Претседателот на државата.

Исто така, Стаменковска рече дека пред да се потпише овој договор, според Законот за референдум, требаше да се спроведе консулативен референдум. Таа рече дека со тој консултативен референдум, граѓаните требаше да се изјаснат дали го поддржуваат овој договор или не пред да се потпише.

-Законот за референдум каде што кажува кога и како се спроведува референдум, всушност дека треба да има претходен консултативен референдум, пред било кое склучување на договор од меѓународни размери. Значи пред потпишувањето на овој договор, спогодба, во државата требаше да се направи референдум за граѓаните да се изјаснат дали се за или против потпишување на ваков вид на спогодба. Тоа не се направи. Од друга страна исто така не ни е јасно или тој се обидува да протне некоја друга работа која што најверојатно јавно не ја кажуваат е дека референдум ако веќе е консултативен значи согласно тој рефеерндум, се спроведува само да се слушне гласот на граѓаните но тој нема обврзувачки последици, истакна Стаменковска.

Најнови вести