петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Владата на СДСМ вети влез во НАТО и ЕУ за 6 месеци, после 10 месеци власт нема ништо од тоа

Стаменковска: Владата на СДСМ вети влез во НАТО и ЕУ за 6 месеци, после 10 месеци власт нема ништо од тоа

СДСМ во предизборната кампања ветуваа дека кога ќе дојдат на власт во рок од шест месеци Македонија ќе добие датум за преговори и ќе стане членка на НАТО. Но, поминаа 10 месеци, а ние добивме само препорака која е условена со спорот со името, истакна денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Посочи дека препораката треба добро да се прочита бидејќи во неа Македонија ја условуваат оти треба да го реши спорот со името, па потоа да добиеме датум за почнување на преговорите за членство во НАТО и Европската Унија.

-Пред некои две недели вицепремиерот Бујар Османи имаше прес-конференција каде што кажа дека Планот 3-6-9 е реализиран 42 отсто. Многу е чудно на денот на објавување на извештајот од Европската Комисија да излегувате дека Планот 3-6-9 е реализиран со 90 процени. Овде мора владата на СДСМ да си признае дека или некои од законите кои што не можат да ги донесат во Собрание односно владата на СДСМ не е способна да ги подготви ги има тргнато од планот 3-6-9 или не знам какво е тоа магично стапче каде што од реализација од 42 проценти оди на процент на реализација на 90 проценти, додаде Стаменковска.

Потенцира дека има информации и индиции оти Македонија уназадува во реформскиот процес само за да може Република Албанија да оди напред. Таа рече дека владата на СДСМ доколку сака да прави реформи мора да започне од почетокот, бидејќи ова што сега го прави, вели, таа е само мачкање на веќе донесени закони во време на ВМРО-ДПМНЕ.

-Законските решенија кои што се донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ се закони усогласени со Европската Унија и се далеко подобри закони од овие што сега ги носи СДСМ, многу брзоплето, нагласи Стаменковска.

Најнови вести