Прво, барањето за двата амандмана да бидат споени што значи, амандманот на СДСМ за Универзалната сала се однесува само на еден милион денари значи и да се спојат двата би се зголемило за милион или од 12 милиони и 700 илјади на 13 милиони и седумсто илјади денари и не е некоја средина, бидејќи вие премали средства барате барем според нашето мислење. Второ, добро е вака што се распоредени амандманите за да го видиме соодносот што кој бара, рече Малиша Станковиќ советник во Советот на Град Скопје од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Станковиќ потенцираше дека ако во првиот дел од расправата се правеше фама дека не може од еден дел од една програма да се пренаменуваат средства се гледа дека кога некој бара се може да се направи, дека не може само кога ВМРО-ДПМНЕ бара.
„Или реториката која беше претходно дека овие поднеле 99 проекти, а сега се прифатени 50. Сега ја нема истата реторика, ако СДСМ подели 22 проекти сега се прифатени 20. Видовме овде „ја тебе војвода, ти мене сердеаре и фама што се правеше во прв дел во денот не може овде да се зема, да се дава на друга страна. Сега видовме дека може да се зема да се дава само ако се сака. Или кога сакаат се прават“, заклучи Станковиќ.