петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стартува судењето за Меѓународниот сојуз, на обвинителна клупа Боки 13 и Ременски

Стартува судењето за Меѓународниот сојуз, на обвинителна клупа Боки 13 и Ременски

По одложувањето на 1 јули, денеска треба да се одржи судското рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица.

Јовановски, кој посочи дека Луј Витон торбите завршиле кај Заеви, е осуден за случајот „Рекет“ и денеска треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје.

Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски – екс потпретседателка на СДСМ, пратеничка и потпретседател на Собранието на РМ, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“.

Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.

Најнови вести