Ставен под контрола пожарот кај месноста Ралова Чука во делчевското село Очипала. Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека екипи на ТППЕ Делчево остануваат на терен, бидејки депонијата за градежен шут, која се наоѓа на споменатата локација, и понатаму е подложна на самозапалување, поради различните видови градежен материјал што се наоѓа во нејзината внатрешност.
-Пожарот е ставен под контрола, но не е изгаснат целосно. Ние интервениравме со три противпожарни возила и со помош на машини на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”, направени се појаси за да не се прошири во околната борова шума, вели Тодоровски.
Пожарот кај Ралова Чука засега нема зафатено дрвна маса, а очекувањата на ТППЕ Делчево се дека најдоцна до утре пожарот целосно ќе биде изгаснат.(МИА)