Дванаесетти август е Ден на младите, по повод овој ден Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ спроведе низа активности со цел достоинствено да го одбележиме овој ден. Унијата на млади сили овој ден ќе го помине меѓу младите делејќи мотивирачки пораки за нас најразочараните припадници на македонското општество, истакна Стефан Стефановски, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Денес младите во Македонија се заборавени, основците и средношколците се оштетени со лошо спроведената онлајн настава, а да не зборуваме за дополнителните мерки кои многу држави ги спроведоа за учениците за време на коронакризата со цел да се доусовршуваат и доразвиваат на секое поле. Студентите изгубија три семестри, а државата не најде време да ги уреди, а дигитализацијата е сеуште далечен термин. Недостатокот од пристап до онлајн библиотеки е недостижно за власт да го осмисли, а не пак да го реализира. Денес секој млад човек во Македонија е бесперспективен, разочаран и изманипулиран, чувства кои се сосема нормални во услови на ваква негрижа за младите луѓе, истакна тој.
Стефановски истакнува дека Унијата на млади сили била, е и ќе биде партнер на младите.
-Затоа сме денеска овде, да упатиме мотивирачки пораки за сите млади луѓе дека мора да се бориме за нашата иднина и мора да бараме повеќе за нашата иднина. Младите се заборавени од моменталната власт, но не се заборавени од ВМРО-ДПМНЕ на кој најголем приоритет му се младите луѓе и нивната иднина во Македонија. Со новиот концепт кој ВМРО-ДПМНЕ го промовираше „Македонија за сите луѓе“, иднината на младите е во фокусот и најголем приоритет при политичкото делување на партијата. Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ се води од девизата дека светот останува на младите, затоа и локалните проекти во голем дел ќе бидат насочени кон подобрување на животот на младите на локално ниво, вели тој.